МОН информира дека е формирана Комисија за давање предлог за повлекување од употреба на одобрениот учебник по Социологија за втора година гимназиско образование. по забелешките од јавноста, особено од стручната фела. Ова следи по реакциите во јавноста на напишаното во учебникот дека околу стапката на раѓање деца кај Ромите, Албанците и Турците.
Инклузивниот процес за подобрување на квалитетот на едукативните содржини и за елиминирање на дискриминација и стереотипи, е најефективен и затоа МОН овозможува јавноста да биде вклучена во процесот на отстранување на грешките од различна природа и несоодветните содржини во учебниците“, се вели во соопштението на МОН.
Од МОН велат дека во законски рок од десет дена, Комисијата треба да го достави предлогот до министерот за образование и наука. Оттаму исто така посочуваат дека во изминатиот период биле донесени неколку одлуки за повлекување на одобрени учебници, за кои имало реакции. Според МОН, со темелната реформа на образовниот систем, што предвидува изготвување на нови наставни програми, ќе бидат изработени и нови учебници и материјали за учење по сите предмети.
Во тек е постапка, како што се наведува, за набавка на учебници по сите предмети од прво, второ, четврто и петто одделение, за кои се изготвени нови наставни програми. Од МОН информираат дека е креирана и мејл адреса каде можат да се испраќат коментари и забелешки за учебниците што се во употреба.