Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја проширило истрагата за поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зекири за уште еден договор за консултантски услуги.
„Имено, Владата на РСМ преку тогашниот генерален секретар склучила договор за консултантски услуги за реорганизација на Желeзници со правно лице без да се испочитуваат законските процедури за склучување на вакви договори“, информираат од обвинитлеството.
На 9 април годинава на Зекири му беше одредена мерка притвор за друг случај со консултантски услуги, која подоцна му беше заменета со домашен притвор поради здравствени причини.
Обвинителството го товари Зекири дека во периодот од април 2021 до јануари 2022 година во својство на генерален секретар на Владата, без да спроведе јавна набавка, склучил договори за консултантски услуги со помош на хрватските државјани, о фирма којшто договор бил во вкупна вредност од околу 941 985 евра што е за околу 147 000 евра повеќе од 795 000 евра, износ што бил договорен за консултантските услуги.