Во август регистрирани 88 пожари

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов денеска на прес-конференција информира дека месецов се регистрирани 88 пожари. Според него, во текот нa вчерашниот ден имало 18 пожари за кои за повеќе од полoвина постоела опасност да прераснат во сериозни пожари.

„Бројката е навистина голема ова воопшто не е шега, но благодарение на брзата интервенција и раната дојава, овие пожари безмалку беа совладани во првата фаза и не дозволивме да се разгорат во големи шумски пожари. Некои од нив беа релативно несериозни како ѓубришта, депонии каде можевме да воспоставиме релативна контрола, но поголем број од овие пожари беа сериозна закана, за жал и оваа година вегетацијата е доволно сува за да поддржи силно горење и развивање на силни пожари, овие слаби врнежи деновиве не се доволни за да ја олеснат ситуацијата“, изјави Ангелов.

Во март имало 139 пожари, април 141, мај 193, јуни 191 и јули 91 пожар. Ангелов рече дека оваа година за првпат се искористил полициски хеликоптер во гаснењето на пожарот во фабрика во Тетово на 30 мај.

Тој посочи и дека им недостасуваат одредени ресурси, а она што го имаат на располагање е околу 800 професионални пожарникари на територија на цела држава и околу 170 дороволци пожарникари.