Вредноста на минималната кошница со вклучена инфлација (трошоци за живот) за јули изнесува 47.042 денари и истата не можат да ја покријат ниту семејствата каде што има двајца вработени од кои имаат примања во висина на просечна плата и една минимална плата, објави Сојузот на синдикатите на Македонија. „Имајќи предвид дека инфлацијата од 16% ја обезвреднува вредноста на платите и од тука износот од 18.000 денари колку што изнесува минималната плата во Македонија има реална вредност од 15.120 денари, а износот на просечната нето плата од 31.525 денари има реална вредност од 26.481 денари со што значително е осиромашен македонскиот работник и граѓанин“, информира Синдикатот.
Зголемени трошоци, исти плати - синдикатите се закануваат со тужби
Од ССМ велат дека аларматно е тоа што погрешните владините мерки и политики за само 5 месеци од зголемувањето на минималната плата на 18.000 денари, повторно ја вратија вредноста на истата на нивото пред март 2022 година односно со една минимална плата работниците да можат да си дозволат само леб и вода. „На работниците им се потребни итни усогласувања на платите за амортизирање на инфлаторниот удар, а тоа значи Владата да ги усогласи платите за 18,4% до септември согласно Законот, а во спротивно како што ги казнува владата работниците, така работниците ќе ја казнат Владата, а истото се однесува и на работодавачите“, посочува ССМ.