Воздухопловните сили на Белорусија одржуваат вежби на нејзина територија и во воена база за обука во Русија, соопшти денеска белоруското Министерство за одбрана. Според Министерството, вежбите вклучуваат боева муниција и ќе бидат во две фази: првата од 9 до 11 август во Белорусија, додека втората, од 22 до 25 август во руската база Ашулук која се наоѓа на југозападниот дел на Русија во близина на границата со Казахстан.
Лукашенко: Белград нема да може да седи на два стола
Белорускиот авторитарен владетел Александар Лукашенко отворено ја поддржа тековната неиспровоцирана инвазија на Русија врз Украина, која беше започната кон крајот на февруари. Иако белоруските трупи не учествуваа во инвазијата, белоруските власти и дозволија на руската војска да ја користи територијата на земјата за да влезе во Украина и да гранатира украински градови.