Тајван тврди дека Кина сака контрола над морињата во регионот

Министерот за надворешни работи на Тајван Џозеф Ву

Министерот за надворешни работи на Тајван Џозеф Ву изјави денеска дека Кина сака да ги контролира Источното и Јужното Кинеско Море преку Тајванскиот теснец. Тој рече дека целта на Кина е да го анектира Тајван, а воените вежби што Кина ги започна неодамна се проба за инвазија. Ву додаде дека тие ги покажуваат и „геостратешките амбиции на Кина кои се протегаат надвор од Тајван“. Според него, Кина нема право да се меша во демократските процеси на тајванскиот народ или во нејзините односи со другите народи.

Кина продолжува со воените вежби во Тајван, островот ја обвинува за симулација на напад врз Тајпеј

Тајван денеска почна воени вежби со боева муниција, како одговор на воените вежби на Кина. Пекинг претходно соопшти дека ги започнал вежбите околу Тајван како одговор на неодамнешната посета на претседателката на американскиот Претставнички дом Ненси Пелоси на Тајпеј. Тајванскиот министер Ву смета дека Кина ја искористи посетата на Ненси Пелоси како изговор.