Транспаренси Интернешанл Македонија соопшти дека вториот квартален извештај е изготвен во периодот од април до јуни во рамки на нивниот проект „Проценка на ранливоста од корупција во државните институции и локални власти за просторно планирање, урбанизам и градежништво“. Истражувањето покажа дека интересот на институциите за исполнување на препораките е сѐ уште на ниско ниво, но дека постои зголемена активност на локалната и извршната власт со цел да се имплементираат препораките. Транспаренси Интернешанл Македонија посочува дека големите дискрециони овластувања на локалната власт, недостигот на добро формулирани законски одредби, судир на законските одредби како и различното толкување на законските норми од една страна, но и честото менување на законите од друга страна создава ризик од зголемување на корупцијата.
Напредок од 24 места на Индексот за перцепција на корупцијата
Затоа е потребна зајакната соработка и координираност помеѓу Министерството за транспорт и врски, локалната власт, Заедницата на единиците на локалната самоуправа и Државната комисија за спречување на корупција за надминување на ризиците од корупција и усогласено изнаоѓање на решенија за спроведување на препораките. Транспаренси Интернешанл Македонија останува отворена за поддршка и соработка со институциите во насока на надминување на ризиците од корупција во овие области, стои во соопштението.