Радев: важно е претстојните избори да донесат стабилно владејачко мнозинство во Бугарија

бугарскиот претседател Румен Радев

Главната задача пред преодната бугарска влада е организирање и спроведување на вонредните парламентарни избори што ќе се одржат на 2 октомври, изјави денеска бугарскиот претседател Румен Радев на средбата со претставниците на институциите надлежни за подготовка и спроведување на гласањето. „За сите нас е од големо значење овие избори да донесат стабилно и одговорно владејачко мнозинство кое ќе се зафати со итни реформи и ќе носи стратешки одлуки за нашата земја“, нагласи Радев.

Дали со привремената влада Бугарија ќе се врати во руската орбита?

Според него, високата излезност бара висока посветеност на партиите и кандидатите за пратеници со јасни програми и пораки за привлекување гласачи, но и одговорна работа на изборната администрација и државата, што ќе даде доверба во транспарентноста, чесноста и пристапност на изборниот процес.