Меѓусебни обвинувања меѓу Русија и Украина за новиот напад на нуклеарната централа

Нуклеарната централа Запорожја

Украинската државна агенција за нуклеарна енергија соопшти дека еден работник во нуклеарната централа Запорожје бил ранет, а радијационите монитори биле оштетени во обновеното гранатирање на централата на територијата под руска контрола, додека руските власти ги обвинија силите на Киев дека го извршиле нападот во текот на ноќта.

Енергоатом на 7 август на Телеграм објави дека руски ракети погодиле суво складиште каде што се чуваат 174 контејнери со потрошено нуклеарно гориво на отворено.

„Оштетени се три сензори за следење на радијацијата околу локацијата на нуклеарната централа Запорожжја. Следствено, сè уште не е можно навремено откривање и одговор во случај на влошување на ситуацијата со радијација или истекување на радијација од контејнери со потрошено нуклеарно гориво“, соопшти агенцијата.

Еден работник бил хоспитализиран откако бил погоден од шрапнел, се вели во објавата.

Администрацијата на Енерходар во југоисточниот регион Запорожје, инсталирана од Русија, ја обвини Украина, велејќи дека украинските сили користеле повеќеракетен фрлач за да го нападнат складиштето.

Инцидентот доаѓа откако во гранатирањето беше погоден високонапонски далновод во нуклеарната централа Запорожје на 5 август, што ги натера Киев и Москва да разменат меѓусебни обвинувања за одговорност, а Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) да изрази сериозна загриженост за ризикот од „нуклеарна катастрофа .

Фабриката, на околу 200 километри северозападно од руското пристаниште Мариупол, е под руски надзор откако московските трупи ја зазедоа на почетокот на војната, но украинскиот персонал продолжува да работи со објектот.

Во вечерното обраќање до нацијата на 6 август, украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија за гранатирање на нуклеарната централа и рече дека Киев ќе повика на нови санкции против Русија за создавање „глобална закана“.

Украинските власти вчера соопштија дека централата сè уште е во функција и дека не биле откриени радиоактивни испуштања.

Руското Министерство за одбрана тогаш одговори со обвинување на украинските сили за гранатирање на централата и рече дека само среќа го спречила истекувањето на радијација.

Вчера и генералниот директор на МААЕ Рафаел Гроси изрази сериозна загриженост за гранатирањето кој ги повика сите страни во конфликтот да покажат „најголема воздржаност“ во близина на нуклеарната локација.