Бензинот еуросупер 95 во Црна Гора е најевтин меѓу земјите од регионот, покажуваат податоците на црногорското Министерството за капитални инвестиции.
Според податоците од новиот Билтен на Министерството за цените на нафтените деривати, литар еуросупер 95 во Црна Гора чини 1,45 евра.
Во Албанија може да се купи за 1,78 евра, 1,64 евра во Хрватска, 1,62 евра во Србија, 1,6 евра во Босна и Херцеговина и 1,52 евра во Северна Македонија.
Најскап еуросупер 95 во Европа плаќаат граѓаните на Данска, 2,22 евра, а најевтиниот е во Унгарија, 1,29 евра.
Кога станува збор за еуродизелот, литар во Црна Гора чини 1,55 евра, додека во Македонија е само малку поевтин 1,51 евра . Во Албанија може да се купи за 1,9 евра, во Хрватска 1,86 евра, во Србија 1,83 евра и во БиХ 1,69 евра.
Граѓаните на Шведска за најскапиот еуродизел во Европа плаќаат 2,37 евра, а на Малта за најевтиниот 1,21 евра.