Втор ден борби во појасот Газа

Пламен и чад се креваат за време на израелски воздушен напад, среде борбите меѓу Израел и Газа, 6 август 2022 година

Израелските воздушни напади и палестинските ракетни лансирања продолжија втор ден во и околу Газа, откако израелските сили вчера убија висок командант на Исламски џихад.

Израел соопшти дека започнал „превентивна“ операција против Исламскиот џихад за да спречи неизбежен напад по неколкудневните тензии долж границата со Газа.

Израелската војска предупреди дека воздушните операции против палестинските милитанти во Газа би можеле да траат една недела.


Здравствените власти во Газа, под контрола на Хамас, соопштија дека меѓу 13-те загинати во израелското бомбардирање има и 5-годишно девојче, додавајќи дека повеќе од 110 други се ранети. Бројките не можеше веднаш да се потврдат.

Палестинските милитанти во Газа истрелаа најмалку 160 ракети преку границата, активирајќи сирени за воздушни напади и испраќајќи луѓе кои брзаат кон засолништата за бомби.

Исламскиот џихад е усогласен со Хамас, но групата често дејствува независно.

И Исламскиот џихад и Хамас се сметаат за терористички организации од голем дел од Западот. Израелскиот премиер Јаир Лапид го нарече Исламски џихад „ирански полномошник кој сака да ја уништи државата Израел“.

Израел и Исламскиот џихад го потврдија убиството на Тајсир ал Џабари, клучен водач на милитантната група, во напад врз зграда во западниот дел на градот Газа.

Околу 2,3 милиони Палестинци живеат во тесниот крајбрежен појас Газа.

Границата беше главно мирнака од мај 2021 година, кога во 11-дневните борби меѓу Израел и милитантите загинаа најмалку 250 луѓе во Газа и 13 во Израел.

Германската новинска агенција ДПА цитираше египетски безбедносен извор кој вели дека Каиро предложил прекин на огнот меѓу Израел и палестинската фракција Исламски џихад во Газа.