Нови 739 случаи на ковид, едно починато лице во изминатово деноноќие

Тестирање за Ковид-19

Во последните 24 часа направени се 1.570 тестови, а регистрирани се нови 739 случаи на ковид 19, информираат од Министерството за здравство.

Од вкупниот број на позитивни, 153 се реинфекции.

Регистрирани сe 659 оздравени пациенти.

Во текот на изминатите 24 часа е пријавено едно починато лице од Скопје (73г), починато во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин не се регистрирани починати лица.

КЗЗБ: Широка трансмисија на ковид - нема нови мерки

Досега во земјата се направени вкупно 2.125.150 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 330.755, бројот на оздравени пациенти е 317.149, на починати е 9.388, а бројот на активни случаи изнесува 4.218.