Бомба скриена во количка натоварена со зеленчук експлодираше во Кабул

Кабул

Бомба скриена во количка натоварена со зеленчук експлодираше во Кабул, при што загинаа две лица.

Количката била паркирана во област каде што жителите купуваат храна, изјави Калид Задран, портпарол на началникот на полицијата во Кабул, назначен од Талибанците.

„Експлозијата се случи меѓу цивили, а според прелиминарните информации двајца наши граѓани загинаа, а тројца се ранети“, изјави Задран.

Населбата во Кабул каде што се случи експлозијата е главно населена со припадници на етничката заедница Хазара, кои се претежно шиитски муслимани.

Експлозија на автомобил бомба во Кабул, осуммина загинати

Шиитите во Авганистан моментално ги одбележуваат првите 10 дена од исламскиот свет месец Мухарам, а на 8 август верниците се собираат во џамиите и учествуваат во поворки.

Ниту една група досега не ја презеде одговорноста за експлозијата, но сунитската џихадистичка Исламска држава (ИД) редовно ги гаѓаше шиитите во Авганистан. Групата се смета за најголем безбедносен предизвик со кој се соочуваат талибанските владетели во земјата.

Иако бројот на насилни напади низ целата земја е намален откако Талибанците се вратија на власт во август минатата година, ИД продолжи да цели на шиитите.