Полицаец во Скопје побарал мито од 2.000 денари за да не му пише казна на граѓанин за сообраќаен прекршок, информираат од МВР.
Од таму појаснуваат дека после тоа, граѓанинот го пријавил случајот во полициска станица, а по преземени мерки било утврдено дека полицаецот навистина го сторил делото и му е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“ од страна на одделот за внатрешна контрола на МВР.
„На 26.07.2022, при вршење службени дејствија на автопатот Скопје – Миладиновци, при контрола на патничко возило, пријавениот побарал и примил 2.000 денари од лице за да не изготви записник и прекршочен платен налог за сторен и констатиран сообраќаен прекршок“, информираат од МВР.
Судија од Основниот суд во Охрид поткупен со пет илјади денари
Од Одделот за внатрешна контрола велат дека е поднесена иницијатива за поведување постапка за утврдување дисциплинска одговорност и предлог за отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка на полицаецот.