Лицата со попречен вид ќе добиваат помагала на товар на државата

Илустрација

Ортопедските помагала за деца и лица со попречен вид како што се белото стапче, мерач за притисок, мерач за шеќер и топломери за деца и возрасни ќе бидат на товар на Фондот на Министерството за здравство, а воедно ќе биде создаден и електронски регистар за деца и лица со попреченост кој ќе помогне во делот на користењето на правата на овие лица.

Претседателот на Коалицијата „Менуваме“ за деца и млади со и без попреченост, Суарет Алиша вели дека ова е големо олеснување, но сепак не ги решава сите проблеми со кои се соочува оваа категорија на граѓани.

Родителите на децата со посебни потреби заборавени од државата

Истакна дека исто така разговарале и да нема поделба на вработени и невработени и лица кои учат и не учат, туку сите да ги користат ортопетските помагала.

„Порано беше ако учи или работи има право да користи на товар на Фондот, сега предлагаме и тоа да се тргне, да нема поделба, ќе иницираме да се создаде регистерот за лицата со попречености, Министерството за здравство ќе го создаде тој регистер, а после тоа ќе се поврзат и Министерството за труд и социјална политика и Министерството за образование, каде ќе можат заедно тој регистран да го имаат на увид, и да знаат колкав број имаме и кои се потребите на овие лица, министерот за овие две прашања не посочи кон правното одделение, да ги изработиме овие предлози, и согласно програмата на Министерството за здравство да бидат достапни“, појасни тој.

Со оваа одлука се опфатени околу 3.000 лица со попречен вид кои ќе може да ги користат овие права.

Од коалцијата „Менуваме“ предлагаат и формирање на Национална агенција за лица со попреченост, преку што ќе се знае какви лица со попречености има во земјава, и кои се нивните вистински потреби.