Три бродови полни со жито ги напуштија украинските пристаништа според договорот поддржан од ОН за обновување на извозот на жито и други земјоделски производи преку пристаништата на Црното Море, соопшти денеска турското Министерство за одбрана. Заедничкиот координативен центар во Истанбул, кој го сочинуваат руски, украински, турски и персонал на ОН, соопшти дека два брода тргнуваат од Чорноморск и еден од Одеса. Во нив има околу 58.000 тони пченка.
Инспектори во проверка на првиот брод со жито од Украина
Москва и Киев се согласија во договорот склучен минатиот месец со посредство на Турција и Обединетите нации за обновување на испораките на пченица и друго жито од три украински пристаништа, за прв пат по инвазијата на Русија во февруари.