Комисијата за заразни болести ќе ја разгледа актуелната состојба со ковид-19

Комисијата за заразни болести денеска ќе одржи состанок на кој ќе биде разгледана актуелната епидемиолошка состојба со коронавирусот. Во моментов во земјава се активни 4.139 случаи на ковид-19, од кои 1.749 се во Скопје. Согласно вчерашната ковид-статистика, направени се 1.890 тестови, а регистрирани се нови 844 случаи на КОВИД-19, од кои 188 се реинфекции. Оздравени се 851 пациент, а пријавени се три починати лица од Скопје на возраст од 72, 76 и 83 години, сите во болнички услови. Во тек е и вакцинацијата за четврта доза против коронавирусот, којашто може да ја примат лицата над 18-годишна возраст, кои примиле три дози вакцина против Ковид-19. Вакцината е достапна на сите вакцинални пунктови без закажување. Вакцинацијата се спроведува со мРНА вакцина на „Фајзер“ или „Модерна“. Препорачаното растојание меѓу трета и четврта, односно бустер доза е најмалку четири месеци.

„Живеење со ковид“: Каде може да оди пандемијата?

Некои од земјите во регионот веќе почнаа да воведуваат мерки за заштита од Ковид-19. Во Црна Гора, поради влошување на епидемиолошката состојба, воведено е задолжително носење заштитни маски, а здравствените власти апелираат до граѓаните да се вакцинираат против Ковид-19. Здравствените власти во Грција, пак, велат дека нивната намера е да не постојат мерки што би биле задолжителни и оти се ќе зависи од ситуацијата наесен, но тие сакаат Ковид-19, иако останува пандемија, да го третираат како ендемично заболување, „каде што нема да има потреба од строги или задолжителни мерки“. Досега во земјата се направени вкупно 2.123.580 тестирања на КОВИД-19. Вкупниот број КОВИД-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 330.016, бројот на оздравени пациенти е 316.490, на починати е 9.387.