Соединетите држави ќе прогласат вонредна состојба во јавното здравство за да го засилат одговорот на епидемијата на мајмунски сипаници што зарази повеќе од 6.600 Американци, изјавија официјални лица кои побараа анонимност. Вонредната состојба ќе ослободи федерални пари и други ресурси за борба против вирусот. Декларацијата доаѓа откако администрацијата на претседателот Џо Бајден се соочи со критики поради недостапноста на вакцина против мајмунски сипаници. Клиниките во големите градови како Њујорк и Сан Франциско велат дека не примиле доволно вакцина од две дози за да ја задоволат побарувачката.
Во Грција потврдени 39 случаи на мајмунски сипаници
Белата куќа соопшти дека ставила на располагање повеќе од 1,1 милион дози и помогнала да се зголеми домашниот дијагностички капацитет на 80.000 тестови неделно. Најавата доаѓа три дена откако администрацијата на Бајден ги именуваше највисоките функционери од Федералната агенција за управување со вонредни состојби и Центрите за контрола и превенција на болести да служат како координатори на Белата куќа во борбата против појавата на мајмунски сипаници.