Вкупно 39 случаи на мајмунски сипаници се потврдени во Грција, заклучно со 4 август, се наведува во седмичниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ).
Во сите случаи се работи за мажи на просечна возраст од 37 години.
Во изминатата седмица регистрирани се седум нови случаи, со оглед на тоа дека минатиот четврток бројот на потврдени случаи беше 32.
Според ЕОДИ, 33 отсто од вкупниот број, односно 13 случаи пријавиле патување во странство во периодот на инкубација на болеста.
Заразените се на возраст од 22 до 59 години и веќе оздравеле или оздравуваат во генерално добра клиничка состојба.
Првиот случај во Грција беше регистриран на почетокот на јуни.
Иако досега со децении имало мајмунски сипаници во делови од централна и западна Африка, до мај оваа година не беше познато дека предизвикува големи епидемии надвор од континентот.
Претходно, СЗО соопшти дека во светот се пријавени повеќе од 18.000 случаи на мајмунски сипаници во 79 земји, од кои повеќето се во Европа.