Талибанците тврдат дека „не знаеле“ дека Завахри бил во Авганистан

Лидерот на Ал Каеда Ајман ал Завахри

Талибанците соопштија дека ги истражуваат „тврдењата“ дека лидерот на Ал Каеда Ајман ал Завахри бил убиен во напад на американско беспилотно летало во Кабул и тврдат дека немале информација дека тој влегол и живеел во главниот град на Авганистан.

„Владата и раководството се уште немаат информации за тоа што се тврди, ниту имаат трага таму [на Завахри]“, изјави Сухаил Шахин, назначениот претставник на Талибанците во Обединетите нации, со седиште во Доха.

Ова е прва изјава на милитантите по нападот со беспилотно летало во кој беше убиен Завахри на 31 јули на балконот на куќа во Кабул, а за кој американските власти рекоа дека е поврзанa со талибански лидер.

Убиството на Завахри беше најголемиот удар за Ал Каеда откако американската морнарица го застрела Осама бин Ладен во 2011 година.

„Сега е во тек истрага за да се дознае за вистинитоста на тврдењето“, се вели во изјавата на Шахин, додавајќи дека резултатите ќе бидат јавно споделени.

Во напад со американски дрон во Авганистан убиен лидерот на Ал Каеда

Талибанците продолжија да се закануваат дека „доколку ваквите инциденти се повторат и ако се наруши територијата на Авганистан, тогаш одговорноста за какви било последици ќе биде на САД“.

Американскиот државен секретар Антони Блинкен рече дека талибанците „грубо го прекршиле“ договорот со тоа што го угостиле и го засолниле Завахри.

Радикалната група ги увери Соединетите Држави како дел од договорот од 2020 година за повлекување на силите предводени од САД дека нема да засолништа на други милитантни групи.

Во соопштението се наведува дека талибанците се посветени на договорот, потпишан во главниот град на Катар, Доха, и се повторува дека „нема закана“ за ниту една земја од територијата на Авганистан.