Русија бара норвешка дипломатка да ја напушти земјата поради „русофобични“ навреди

Русија - Министерство за надворешни работи

Руското министерство за надворешни работи соопшти дека норвешката дипломатка Елизабет Елингсен треба да ја напушти земјата поради нејзините „русофобични“ изјави.

Портпаролката на Министерството, Марија Захарова, во изјава на 4 август рече дека норвешката амбасадорка во Русија, Руне Ресаланд, била повикана поради „неприфатливото однесување“ на Елизабет Елингсен, норвешки конзул во градот Мурманск.

На видео, објавено на платформата Телеграм на 30 јули, се гледа како конзулката фрустрирана додека чека чиста соба во хотел, употребува зборови со кои го навредува персоналот на хотелот, но и рускиот народ генерално.

Однесувањето на конзулката е снимено од безбедносите камери на хотелот, а снимката беше објавена минатиов викенд.

Столтенберг: Русија не смее да победи во Украина

„По она што се случи, присуството на Елизабет Елингсен во Русија е неприфатливо“, се вели во соопштението на руското МНР.

Норвешкото Министерство за надворешни работи претходно соопшти дека „длабоко жали“ за инцидентот.

Дипломатскиот инцидент се случува во период кога односите меѓу Русија и Западот се затегнатки од крајот на февруари, откако Русија ја започна инвазијата врз Украина.