На Русија не треба да и се дозволи да победи во војната во Украина, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. „Во наш интерес е овој тип на агресивна политика да не успее“, рече Столтенберг во говорот во Норвешка. Опишувајќи го она што Москва го нарекува „специјална воена операција“ како напад врз актуелниот светски поредок, Столтенберг рече дека Aлијансата мора да спречи ширење на војната. „Ова е најопасната ситуација во Европа по Втората светска војна“, наведува тој.
Русија со нова поморска доктрина – САД и НАТО се наведени како главни закани
„Ако претседателот Путин воопшто помисли да направи нешто слично на земја од НАТО како што направи со Грузија, Молдавија или Украина, тогаш целото НАТО ќе биде вклучено веднаш“, рече Столтенберг.