САД бараат деескалација во и околу Нагорно Карабах

портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс

Американскиот Стејт департмент изрази загриженост за разгорувањето на насилството во отцепениот регион Нагорно-Карабах и повика на итни чекори за намалување на тензиите и избегнување на натамошно насилство. Борбите, наводно, повторно се разгореа меѓу Ерменија и Азербејџан за Нагорно-Карабах, при што двете страни меѓусебно се обвинуваат за прекршување на прекинот на огнот постигнат во минатата година. Ерменија изгуби контрола врз делови од отцепениот регион и седум соседни области како дел од примирјето со посредство на Русија. Се проценува дека околу 2.000 руски војници се распоредени да ја следат ситуацијата.

ЕУ повикува на итен прекин на конфликтот во Нагорно-Карабах

Нагорно-Карабах, кој беше под контрола на етнички Ерменци речиси три децении пред војната во 2020 година, е меѓународно признат како дел од Азербејџан. „САД се длабоко загрижени и внимателно ги следат извештаите за интензивни борби околу Нагорно-Карабах, вклучувајќи жртви и загуби на животи“, рече портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс, наведувајќи: „Апелираме да се преземат итни чекори за намалување на тензиите и избегнување на понатамошна ескалација“.