Американскиот Сенат го одобри приемот на Финска и Шведска во НАТО

Знамињата на Шведска и Финска до симболот на НАТО

Сенатот на Соединетите држави, кој има 100 пратенички места, синоќа го одобри пристапот на Финска и Шведска во НАТО, што е најголемото проширување на 30-члената алијанса од 1990-тите, а кое доаѓа по руската инвазија врз Украина. Протоколот за пристапување на Финска и Шведска во НАТО беше поддржан од 95 членови на Сенатот во екот на воената кампања што Русија ја води против соседна Украина повеќе од пет месеци. Американскиот претседател Џо Бајден, силен поддржувач на Украина, се залага за што поскоро прием на две земји од северот на Европа во западниот воено-политички сојуз Мнозинството демократи и републиканци изразија силна поддршка за проширувањето на Алијансата.

Турција, Финска и Шведска ќе ги оценуваат ветувањата поврзани со тероризмот

Во јули, Комитетот за надворешни работи на Сенатот го поддржа членството на Финска и Шведска. Финска и Шведска поднесоа барање за членство во НАТО како одговор на руската инвазија на Украина. Русија, пак, ги предупреди двете земји за можните последици од членството во Алијансата.

Собранието ги ратификуваше протоколите за влез на Финска и Шведска во НАТО

Триесет членки на НАТО го потпишаа протоколот за пристапување на Финска и Шведска, што ќе им овозможи да се приклучат кога парламентите на земјите-членки ќе ја ратификуваат одлуката. Тој процес може да потрае една година - а штом ќе заврши, Финска и Шведска ќе бидат заштитени со клаузулата за одбрана - според која нападот на еден член е напад на сите.