Главните преговарачи за Иран и САД се враќаат во Виена за да ги продолжат разговорите за обновување на нуклеарниот договор од 2015 година меѓу Иран и глобалните сили. Роб Мали, претставник на САД, на 3 август изјави дека оди за Виена за да ги продолжи преговорите „со подигнати очекувања“. Соединетите Држави се „подготвени за добар обид за постигнување договор“, додавајќи: „Наскоро ќе биде јасно дали Иран е подготвен на истото“. Во Виена е и главниот ирански преговарач за нуклеарно оружје, Али Багери Кани. Министерството за надворешни работи соопшти дека разговорите ќе ги координира Европската унија и дека „ќе се разговара за идеите презентирани од различни страни“.
Иран повтори дека има технички средства за производство на атомска бомба
Пратеникот на Русија во разговорите, Михаил Улјанов, исто така твитна за враќање на преговорите. „Изгледа дека Виенските разговори за обновување на Заедничкиот сеопфатен план за акција ќе продолжат наскоро“, рече Уљанов, додавајќи дека руските преговарачи „се подготвени за конструктивни разговори со цел да се финализира договорот“. Главниот координатор на Европската унија за индиректните американско-ирански разговори за обновување на договорот претходно рече дека двете страни биле блиску до тоа на разговорите во март.