Министерството за одбрана на Тајван денеска соопшти дека војската ќе продолжи да го зајакнува нивото на будност и ќе реагира соодветно на „непријателската ситуација“. Кина оваа недела спроведува неколкудневни воени вежби со боева муниција во зоните околу Тајван, како одговор на посетата на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси.
Пелоси замина од Тајван, завршувајќи ја посетата што ја налути Кина
Тајванската војска внимателно ја следи „непријателската ситуација“ во тајванскиот теснец и во близина на оддалечените острови на Тајван и сите нејзини војници вршат секојдневна обука како и обично, се додава во соопштението на тајванското Министерство за одбрана. Во истовреме, тајванската влада ги повика компаниите на островот да ја зајакнат својата сајбер безбедност во наредните денови, бидејќи властите забележаа рекорден број напади врз нивните веб-страници во услови на ескалација на тензиите со Кина.