Еден загинат и 13 повредени во пожар во магацин во близина на Москва

Архивска фотографија: Опожарен објект во Русија

Најмалку едно лице загина, а 13 се повредени во експлозија во еден магацин во близина на Москва, соопштија тамошните власти.
Две лица се водат како исчезнати.

Пожарот во магацинот на фирмата Озон, водечкото во Русија за онлајн продажба, зафатил површина од 50 илјади квадратни метри.

Руското Министерство за вонредни состојби соопшти дека пожарот го гаселе 150 пожарникари и три хеликоптери.

Нема податоци за причините за пожарот.