Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека е важно за Украина Кина да не и помага на Русија во војната и дека Пекинг треба барем да остане неутрален. Тој го кажа ова во обраќањето за време на онлајн дискусија организирана од Австралискиот национален универзитет во Канбера. Во дискусијата учествуваа студенти од 21 универзитет во Австралија. Запрашан за ставот на Кина за војната во Украина, Зеленски рече дека би сакал Пекинг да им се придружи на земјите кои ја осудија руската инвазија.
Блинкен: Поддршката за руската инвазија ги комплицира односите на Кина со САД
„Кина засега балансира и е навистина неутрална и, да бидам искрен, таа неутралност е подобра отколку Кина да и се придружи на Русија. За нас е важно Кина да не и помага на Русија“, рече Зеленски преку видео врска. Тој и се заблагодари на австралиската влада што ѝ ја пружи на Украина најголемата поддршка од сите земји кои не се членки на НАТО. Кина досега одбиваше да го осуди рускиот напад врз Украина. Во исто време, таа ги осуди санкциите наметнати од САД и ЕУ кон Русија, обвинувајќи го Западот дека ја провоцира Москва.