Инспектори во проверка на првиот брод со жито од Украина

Бродот „Разони“ регистриран во Сиера Леоне исплови од Одеса на 1 август

Делегација на инспектори од специјалниот заеднички координативен центар е во проверка на првиот брод што превезува украинско жито според договорот постигнат со посредство на ОН за обновување на извозот на жито од земјата разурната од војната. Бродот „Разони“ регистриран во Сиера Леоне, кој исплови од Одеса на 1 август, носејќи 26.527 тони пченка во Либан, вчера пристигна крај турскиот брег Црното Море. Според ОН, околу 27 бродови чекаат да испловат во три украински пристаништа со товар и потпишани договори. Турскиот контраадмирал Озџан Алтунбулак, координатор во заедничкиот центар, рече дека „подготовките и планирањето“ продолжуваат за другите бродови што се очекува да ги напуштат украинските пристаништа.


Првиот брод со украинско жито стигна до брегот на Турција

Неименуван висок турски функционер претходно на 2-ри август изјави за Ројтерс дека Анкара очекува приближно еден брод со жито да ги напушта украинските пристаништа дневно се додека важи договорот постигнат со посредство на ОН. Запирањето на испораките на жито од Украина, еден од најголемите светски извозници на жито, придонесе за скок на цените на храната и предизвика загриженост за земјите од Блискиот Исток и Африка кои добиваат жито и други производи за да го прехранат своето население.