Претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, изрази солидарност на САД со Тајван при пристигнувањето во Тајпеј во посета што ги влоши тензиите со Пекинг, кој тврди дека остров е кинеска територија. Пелоси беше пречекана од министерот за надворешни работи на Тајван, Џозеф Ву, и Сандра Оудкирк, највисокиот претставник на САД во Тајван, откако нејзиниот транспортен авион на американските воздухопловни сили слета на 2 август на аеродромот Сонгшан во Тајпеј. Таа рече дека посетата „ја покажува непоколебливата посветеност на Америка за поддршка на енергичната демократија на Тајван“, додавајќи дека солидарноста на Америка со Тајван „е поважна денес од кога било, бидејќи светот се соочува со избор помеѓу автократија и демократија.“
Белата куќа: Пелоси има право да го посети Тајван
Кина веднаш ја осуди посетата на Пелоси, велејќи дека сериозно ги оштетува мирот и стабилноста во Тајванскиот теснец. Во соопштението на Министерството за надворешни работи се вели дека тоа ќе има „сериозно влијание врз политичките односи меѓу Кина-САД и оти сериозно го нарушува суверенитетот и територијалниот интегритет на Кина.“ Кина, која го смета Тајван како одметничка провинција која треба да биде припоена со сила доколку е потребно, гледа на официјалниот контакт на американските власти со Тајван како обид да се поттикне де факто независноста на таа земја во перманентна. Американските власти го отфрлија тоа тврдење.