Рекорден број мигранти за еден ден го преминаа Ла Манш

илустрација

Речиси 700 мигранти во понеделникот го преминаа Ла Манш со 14 мали чамци, што е рекордна бројка за оваа година, јавува Би-би-си.

Британското Министерство за одбрана соопшти дека 696 мигранти го преминале Каналот, надминувајќи го претходниот дневен рекорд од 651 во април. Француските власти запреа брод со 35 луѓе на море.

Според владините податоци, повеќе од 17.000 луѓе пристигнале во Велика Британија досега оваа година користејќи мали чамци на прометни рути од Франција. Познато е дека минатата година со мали чамци преминале 28 526 луѓе во споредба со 8404 во 2020 година.