САД ќе и даде нов пакет оружје на Украина

илустрација

Соединетите Држави објавија нов пакет со оружје за Украина, вклучувајќи муниција за ракетни фрлачи и топови за кои украинските воени претставници велат дека се клучни во борбата за одбивање на руската армија и напад на нејзините линии за снабдување.

Новиот пакет од 550 милиони долари „ќе вклучува повеќе муниција за напредни ракетни системи со висока подвижност, инаку познати како ХИМАРС, како и муниција“ за артилерија, изјави за новинарите во Белата куќа портпаролот на Советот за национална безбедност Џон Кирби.

„Тоа значи вкупна воена помош за Украина од повеќе од 8 милијарди долари откако претседателот Џо Бајден ја презеде функцијата,“ рече Кирби.

ХИМАРС имаат поголем дострел и се попрецизни од артилеријата од советската ера која Украина ја имаше во својот арсенал.

„За да ги исполнат своите растечки барања на бојното поле, САД ќе продолжат да работат со своите сојузници и партнери за да и обезбедат на Украина критични способности“, се вели во соопштението на Пентагон.