Белата куќа: Пелоси има право да го посети Тајван

Претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, има право да го посети Тајван, објави Белата куќа, додавајќи дека Кина изгледа е подготвена да одговори, најверојатно користејќи воени провокации.

Планирано е Пелоси да го посети Тајван на 2 август, соопштија официјални лица претходно, а Кина предупреди дека „нејзината војска нема да седи со скрстени раце“ доколку го посети островот, кој Пекинг го смета за свој.

Портпаролот на Белата куќа Џон Кирби изјави за новинарите дека Вашингтон не ја променил својата политика кон Тајван.

Додека продолжуваат шпекулациите за тоа дали Пелоси ќе се спречи да оди на Тајван, нејзината канцеларија на 31 јули објави дека таа ја предводи конгресната делегација во регионот, која ќе вклучува посети на Сингапур, Малезија, Јужна Кореја и Јапонија. Тајван не беше споменат, пишува новинската агенција Ројтерс.

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Жао Лиџијан изјави дека посетата на Пелоси на Тајван ќе биде „грубо мешање во внатрешните работи на Кина“ и предупреди дека тоа ќе доведе до „многу сериозни случувања и последици“.

„Би сакале уште еднаш да им кажеме на САД дека Кинеската Народноослободителна армија никогаш нема да седи со скрстени раце, а Кина ќе преземе решителни одговори и силни контрамерки за да го одбрани својот суверенитет и територијален интегритет“, рече Жао на редовната прес-конференција.

Кинеската војска „нема да седи со скрстени раце“ ако Пелоси го посети Тајван, предупреди Пекинг

Кина смета дека посетите на американските официјални претставници на Тајван испраќаат охрабрувачки сигнал за политиката за независност на островот. Вашингтон нема официјални дипломатски врски со Тајван, но американскиот закон го обврзува да му обезбеди на островот средства за самоодбрана. Посетата на Пелоси, кој е трет човек во американската администрација и долгогодишен критичар на Кина, ќе се одржи во услови на влошени односи меѓу Вашингтон и Пекинг.