Албанскиот премиер Еди Рама денеска изјави дека поради тензиите на северот на Косово сто насто ја поддржува косовската влада. „Вчерашниот настан е одраз на длабоката тешкотија што постои во овој однос и практикувањето на суверенитетот на целата територија на државата Косово, врз основа на договорот меѓу Косово и Србија во Брисел. Во овој момент 100 насто ја поддржувам Владата на Косово и властите на Косово да го спроведат договорот“, изјави Рама, пренесува Косово онлајн. Рама нагласи дека косовската влада донела правилна одлука со спроведување на реципроцитет, а потоа ја одложила за 30 дена и дека во вакви ситуации Косово има два начина, едниот е војна, а другиот е да седне на маса на „Отворен Балкан“.
Мердаре отворен за сообраќај, косовските цариници издаваат влезно-излезен документ
„Овие ситуации покажуваат покажуваат зошто е потребен „Отворен Балкан“. Кога работите ќе тргнат наопаку има два начина. Едниот е војната од која никој не добива, другиот е градењето мир. Ние сме луѓе и имаме обврска да ги оставиме на мир на нашите деца“, рече Рама. Албанскиот премиер го повика претседателот на Србија Александар Вучиќ да не дава „никакво оправдување на одредени групи на северот на Косово“. „Го повикувам претседателот на Србија да не дава никакво оправдување на одредени групи на северот на Косово, кои од свои причини се противат на спроведувањето на договорот кој мора да се спроведе и кој важи за да се даде поголем кредибилитет на дијалогот меѓу Косово и Србија“, рече Рама.