Гувернерот на Крим, кој е под руска контрола, соопшти дека прославите за Денот на морнарицата се откажани по нападот со беспилотно летало врз седиштето на руската Црноморска флота во Севастопол.
Регионалниот гувернер Михаил Развожајев денеска на Твитер напиша дека во инцидентот биле повредени петмина вработени во штабот, а свеченостите се „откажани од безбедносни причини“.
Руската федерална служба за безбедност, според информациите, започнала истрага. Развожајев на Телеграм напиша се сомнева оти дронот користен во нападот ѝ припаѓа на украинската војска.
Севастопол, најголемиот град на Крим, е главната база на руската Црноморска флота.
Русија нелегално го анектираше украинскиот Крим во 2014 година.