Променливо облачно со пороен дожд и грмежи

Илустрација

Времето денеска ќе биде променливо облачно, наместа нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 28 до 36 степени.

Во Скопје слично време со температура до 31 степени.

Од понеделник следува период на стабилно време. Од денеска до вторник ќе дува умерен до засилен северен ветер што ќе придонесе за намалување на температурата на воздухот.