Прв случај на смрт од мајмунски сипаници во Европа

Илустрација

Шпанија во петокот го пријави својот прв смртен случај поврзан со мајмунски сипаници, соопшти Министерството за здравство на Шпанија. Ова е прв познат смртен случај во Европа од мајмунски сипаници за време на сегашната епидемија, со што надвор од Африка се пријавени два случи.

Првиот смртен случај надвор од Африка беше пријавен претходно во петокот во Бразил.

Досега СЗО пријави пет смртни случаи во Африка.

Во Шпанија моментално има 4.298 потврдени случаи. Според податоците на шпанското Министерството за здравство, во болница се 120 лица или 3,2 отсто од заразените.

Првите смртни случаи надвор од Африка доаѓаат на речиси една недела откако Светската здравствена организација ја прогласи епидемијата на мајмунски сипаници за криза на највисоко ниво.

Иако досега со децении имало мајмунски сипаници во делови од централна и западна Африка, до мај оваа година не беше познато дека предизвикува големи епидемии надвор од континентот.

Претходно, СЗО соопшти дека во светот се пријавени повеќе од 18.000 случаи на мајмунски сипаници во 78 земји, од кои повеќето се во Европа.