Соединетите држави ги осудија како „неоправдани“ забелешките на унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој неодамна предупреди да не се создаваат „народи од мешани раси“. Претставникот на САД против антисемитизмот Дебора Липштад рече дека е „длабоко вознемирена“ од „користењето на реторика од страна на националистичкиот премиер што јасно евоцира нацистичка расна идеологија“. Децении по крајот на холокаустот, „неоправдано е рдрн лидер да го велича нацистичкото масовно убиство“, оценува Липштад. Портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс ја кој ја прочита изјавата на Липштад додаде дека забелешките на Орбан „не се одраз на заедничките вредности што ги врзуваат Соединетите држави со Унгарија“.
Соработничка на Орбан поднесе оставка по неговиот говор, кој таа го нарече нацизам
Орбан предизвика бран жестоки критики откако предупреди да нема мешање со „неевропејци“ во неодамнешниот говор во романскиот регион Трансилванија, дом на значително етничко унгарско малцинство. Тој потоа ги бранеше своите коментари, велејќи дека тие претставуваат „културна, цивилизациска гледна точка“. Орбан на заедничката прес-конференција со австрискиот канцелар Карл Нехамер рече дека понекогаш зборува „на начин што може да биде погрешно разбран“. Во говорот Орбан рече: „Ние се движиме, работиме на друго место, се мешаме во Европа, но не сакаме да бидеме мешана раса“, „мултиетнички“ народ кој би се мешал со „неевропејци“.