Претседателот на Србија Александар Вучиќ оцени дека вчерашниот протест „Бунт против мафијата“ во Нови Сад бил организиран од „агресивна група граѓани“ и нагласи дека оние кои скршиле прозорец во просториите на Српска напредна партија (СНС) за време на протестот ќе одговараат. „Постои една таква агресивна група, не би сакал да кажам антисрпска, која е најсилна во желбата Србија веднаш да воведе санкции кон Русија, да ја осуди Република Српска, да ја повлече Србија од Косово, а тие ги организираа овие демонстрации вечерва“, изјави Вучиќ, наведувајќи дека тие биле „прилично агресивни“ и дека ги нападнале просториите на СНС поради истакнати српски знамиња на нив.
Српски екстремистички партии го држат Вучиќ под контрола за Украина
Според неговите изјави, демонстрантите минатата недела, на првиот протест во Нови Сад, имале „кутии со бои, петарди и солзавец“ и изјавиле дека со нив сакале да влезат во зградата за да го спречат усвојувањето на Генералниот урбанистички план. „Тоа се истите луѓе кои ги прават истите нереди секој пат и уживаат во нивните нереди и сакаат да се фалат дека направиле нереди“, рече претседателот.