Северна Македонија ѝ донира тенкови на Украина

илустрација

Министерството за одбрана и Армијата на Република Северна Македонија потврди дека и се донирани тенкови на Украина, истакнувајќи оти се работи за тенкови од третата генерација, а со оглед на развојот на технологијата, неконкурентни и некомпатибилни. Од Министерството без да го наведат бројот на донираните тенкови информираат дека дополнително во наредниот период би требало да се трошат ресурси за уништување на тенковите, што според нив е нецелисходна активност за нашата Армија.

Се бори ли македонско-бугарски баталјон во Украина?

„Согласно донесените Одлуки од страна на Владата, Република Северна Македонија во неколку наврати донираше воена опрема за Украина во согласност со нивните барања и потреби, а во координација со сојузниците. Северна Македонија како кредибилна членка на НАТО, во линија со сојузниците и партнерите, почитувајќи го територијалниот интегритет, суверенитет и правото на самоодбрана на Украина, притоа строго осудувајќи ја агресијата на Русија на Украина, ги донесе овие Одлуки да упати помош на Министерството за одбрана на Украина, со одредена количина на материјални средства, наведува МО, додавајќи дека Северна Македонија во наредниот период ќе изврши трансформација, односно расформирање на тенковскиот баталјон и ќе се пристапи кон воспоставување на модерни и современи противоклопни способности и капацитети во Армијата. Исто така се наведува дека во тек е проектот „Набавка на лесни оклопни возила на тркала“, согласно договорот со американската Влада, кој е започнат во 2019 година со склучување на Договори помеѓу Владите на Република Северна Македонија и САД.