Пендаровски: Москва финансира некои политички субјекти во Македонија

Македонскиот претседател Стево Пендаровски

Македонскиот претседател Стево Пендаровски повторно ја обвини Русија за мешање во внатрешните работи на неговата земја и додаде дека има сознанија оти таа финансира „некои политички субјекти“. „Последен пат со интензивно учество преку свои луѓе, свои политички субјекти, свои инсталации. Од соседството доаѓаат луѓе што се руски агенти, односно луѓе на руската служба. Не можам јавно да обелоденам од каде точно доаѓаат, зашто тоа се сензитивни информации, меѓутоа Русите и преку тие, модерно речени хибридни закани, преку политичката пропаганда прават обиди за влијание“, оценува Пендаровски во интервју за неделникот Фокус.

Русија ги отфрли обвинувањата на Пендаровски за вмешаност во протестите во Скопје

Според него, надлежните органи имаат информации за луѓе кои дошле да предизвикаат провокации на неодамнешните граѓански протести, но и за финансирање на „некои политички субјекти“. Пендаровски не сакаше да открие за кого станува збор, но посочи дека станува збор за „неколку субјекти кои се во директна корелација со Москва во последните неколку години“. „Се додека тоа е политички артикулирано во институциите, тоа е добро и демократско. Но, морам да кажам дека е навистина чудно што неколку дена по руската инвазија на Украина, „Левица“ (партијата на Димитар Апасиев) ги покани Рускиот амбасадор во Собранието и го награди за придонес во билатералните односи, што е без преседан. Ова не се случило во ниту еден европски парламент“, рече претседателот на Северна Македонија.

Русија печали од „уценетите“ македонски евроинтеграции

Пендаровски додаде дека неодамнешната изјава на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров дека расположението на македонскиот народ е спротивно на евроатлантскиот курс на политичката елита е провокативна изјава, која е дел од политичката пропаганда.