Нова кривична пријава против Муареми

Директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми

Нова кривична пријава е поднесена против директорот на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми. Пријавата до Основното јавно Обвинителство, до Обвинителството за борба против организиран криминал, до премиерот Димитар Ковачевски и до министерот за финансии Фатмир Бесими, ја поднел жител на Дебар. Пријавата се однесува за легализација на објект во Дебар. Од Финансиска полиција велат дека водат предмет против лицето кое го пријавило Муареми.

И во овој случај се споменува Државното правобранителство, со кое Муареми меѓусебно се обвинува уште од претходно. Државното правобранителство иако знаело дека имотот го користи државна институција, дало позитивно мислење да се отуѓи имотот во корист на жителот на Дебар.

Директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми денеска изјави дека тој и вработените во Управата се свесни дека овие напади се намерно исценирани и неосновани и дека доаѓаат од еден ист центар за кој што во Управата, но, и во други институции веќе активно се водат соодветни постапки, во зависност од надлежностите на институцијата“.

Тој притоа посочува дека очекуваат нападите и притисоците да продолжат и во наредните денови. Пред десет дека, пак, Обвинителството за борба со организиран криминал изврши претрес во Управата на чело со Муареми, по што тој поднесе претставка до државното обвинителство и до Советот на обвинители. Од Управата велат дека не знаат за што бил претресот. Нема детали нити од Обвинителството.