Во Иран уапсени членови на „шпионска мрежа“ поврзана со Израел

Иранските власти велат дека членовите на шпионската мрежата собирале „витални“ информации во корист на Израел

Иранската полиција ги уапсила водачот и уште четворица други членови на осомничена шпионска мрежа за која Техеран вели дека има врски со израелските разузнавачки служби. Ова беше објавено во денешното соопштение на контрашпионската организација на иранската единица за спроведување на законот. Во изјавата, објавена од полуофицијалната иранска новинска агенција (ИЛНА), властите велат дека членовите на мрежата собирале „витални“ информации од Иран за израелската разузнавачка агенција Мосад во замена за финансиски награди. Кабинетот на израелскиот премиер, кој го надгледува Мосад, одби да ги коментира овие апсења.

САД и Израел нема да дозволат Иран да се здобие со нуклеарно оружје

Членовите на групата се осомничени и за ширење антиирански слогани и пропаганда, се вели во соопштението во кое се додава дека иранските власти заплениле напредна електронска опрема, СИМ-картички и мобилни телефони од членовите. Иран постојано го обвинува главниот непријател Израел за наводни акти на саботажа во неговите нуклеарни истражувачки капацитети, како и за сајбер напади и убиства на нуклеарни научници.