Во Нацрт-косовската безбедносна стратегија за периодот 2022-2027 година, што вчера беше усвоен од собраниската Комисија за безбедност и одбрана, главен предизвик за безбедноста на земјата се наведени „српските територијални претензии кон Косово“, изјави првиот заменик претседател на таа комисија Енвер Дуголи. Според него, во ваков документ првпат експлицитно се споменува „опасноста од Србија“. Дуголи, пратеник на движењето Самоопределување, во изјава за Радио Слободна Европа вели дека Нацрт-стратегијата за безбедност е документ кој ги опфаќа сите аспекти на безбедносните предизвици на Косово.
Брнабиќ: Нејасна е резолуцијата на ЕП за меѓусебно признавање на Србија и Косово
„Посебно од опасностите што доаѓаат од соседната земја Србија. Во оваа стратегија точно е идентификувана главната опасност што и се заканува на земјата. Според мене, ова е многу реална и добро проучена точка“, рече Дуголи. Пратеникот на опозициската Демократска партија на Косово и поранешен генерален директор на косовската полиција Рашит Чалај оцени дека во документот е претставен партискиот пристап на движењето Самоопределување, а не професионалниот и непристрасен аспект на безбедноста. Стратегијата треба да ја усвои Собранието на Косово.