Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека руската инвазија врз Украина е како „војна од почетокот на 20-тиот, дури и 19-тиот век“, нарекувајќи ја Русија „една од последните империјални колонијални сили“. Тој оцени дека Русија се однесува како империјална колонијална сила со тоа што решила да нападне соседна земја за да ги брани нејзините интереси. „Оваа војна во Украина е како оние за кои „мислевме дека исчезнале од европското тло“. Изјави Макрон кој го обвини Кремљ дека започнал „нов тип на хибридна светска војна“ со тоа што одлучил да ги претвори информациите, енергијата и храната во „воени инструменти“.
Британија и Франција договорија дополнителна заедничка помош за Украина
Макрон е на африканска турнеја што се совпаѓа со онаа на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, кој на 27 јули беше во Етиопија, каде што побара од собирот на африкански дипломати да не го поддржува светскиот поредок предводен од САД. Тој рече дека земјите треба да одлучат дали ќе имаат свет во кој Западот чувствува дека „има право да одлучи кога и како да ги промовира своите интереси без да го следи меѓународното право“.