Баербок за РСЕ: Русија сака да го покори целиот украински народ

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок порача дека нејзината земја ќе продолжи да испраќа оружје и друга поддршка за Украина дури и ако Русија целосно го прекине снабдувањето со гас за Европа. Шефицата на германската дипломатија меѓудругото, изрази сомнеж за преговорите со Москва, велејќи дека Русија бара „покорување на целиот украински народ“.