Во Иран од почетокот на годината се обесени најмалку 251 лице, соопштија групи за човекови права. Според нив, егзекуциите се „грозен напад“ врз правото на живот.
Центарот за човекови права Абдорахман Боруманд со седиште во Вашингтон во Иран и Амнести интернешенел со седиште во Лондон во заедничка изјава соопштија дека станува збор за бројка на потврдени бесења годинава, иако реалната бројка може да биде уште поголема.
„Ако егзекуциите продолжат со ова застрашувачко темпо, тие наскоро ќе го надминат вкупниот број од 314 егзекуции регистрирани за цела 2021 година“, се вели во соопштението.
Во него се наведува дека 146 од егзекутираните годинава биле на луѓе осудени за убиство, но дека судењата во земјата се одвиваат во крајно нефер услови. Најмалку 86 други лица биле егзекутирани за прекршоци поврзани со дрога. Егзекуциите за дела поврзани со друга нагло се намалија во последните години, по промените во домашното законодавство.
„Во текот на првите шест месеци од 2022 година, иранските власти погубуваат најмалку по едно лице дневно во просек. Државната машинерија врши убиства во масовни размери низ целата земја во одвратен напад врз правото на живот“, рече претставничката на Амнести интернешенел. Дијана Елтахави.
Двете групи за човекови права ги собираа бројките на егзекутирани од различни извори, вклучувајќи затвореници, роднини на егзекутираните, бранители на човекови права, новинари и извештаи од државните медиуми, како и независните медиуми и организациите за човекови права.
Во соопштението се вели дека масовни егзекуции се извршени во затворите низ Иран, при што по десетина луѓе се егзекутирани истовремено.