Во последните 24 часа регистрирани се 897 нови случаи на заразени со ковид-19 од направени 1.828 тестови, соопшти Министерството за здравство.
Во Скопје има 384 нови случаи, Битола – 66, Струмица – 47, Прилеп – 43, Куманово и Кавадарци – по 41, Велес – 37, Охрид – 36, Тетово – 26, Струга и Неготино – по 19, Гостивар – 17, Штип – 16, Радовиш – 13, Кичево – 12, Дебар – 10, Гевгелија и Демир Хисар – по 8, Кочани и Крива Паланка – по 7, Валандово и Кратово – по 6, Ресен, Берово и Свети Николе – по 5, Пробиштип и Крушево – по 4, Виница и Пехчево - по 2, Богданци – 1.
Од вкупниот број на позитивни (897), регистрирани се 215 реинфекции.
Регистрирани сe 638 оздравени пациенти.
Во текот на изминатите 24 часа пријавени се две починати лица од: Скопје (80г и 83г) двете лица се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин не се регистрирани починати лица.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 325.279, бројот на оздравени пациенти е 311.015, на починати е 9.363, а бројот на активни случаи изнесува 4.901