Амнести интернешенел: строгите правила на Талибанците ги „задушуваат“ жените

Женски затвор во Авганистан

Животите на авганистанските жени и девојчиња се уништени со „строги правила што ги задушуваат“ откако Талибанците ја презедоа власта пред речиси една година, оценува меѓународната организација за човекови права Амнести интернешенел во извештајот објавен денеска. По заземањето на главниот град Кабул во август 2021 година и соборувањето на владата поддржана од меѓународно ниво, талибанците најавија дека ќе бидат полиберални отколку кога беа на власт во 1990-тите. Најпрво ветија дека ќе дозволат жените да продолжат да работат, а девојчињата да учат, но формираа влада само со мажи, кои учествуваа во претходната влада, а на девојчињата им беше забрането да одат на училиште по седмо одделение, а жените беа обврзани да носат бурки и да им се гледаат само очите, а им било забрането и да работат.

Младите во Кабул загрижени за нивната иднина под талибанците

Во извештајот се наведува дека заштитата на жртвите на семејно насилство е намалена, дека жените и девојчињата се притвараат за помали прекршоци и оти талибанците придонеле за зголемување на детските бракови. „Заедно, овие политики сочинуваат систем на репресија што ги дискриминира жените и девојчињата во речиси секој аспект од нивниот живот. Тоа ги задушува жените во Авганистан секојдневно“, рече АИ. Извештајот се заснова врз интервјуа со 90 жени и 11 девојчиња на возраст меѓу 14 и 74 години од септември до јуни оваа година низ Авганистан.