Сепаратистите поддржани од Москва соопштија дека ја презеле контролата врз најголемата украинска електрана на јаглен во близина на градот Свитлодарск во регионот Доњецк во источна Украина, додека Русија на 26 јули ги изврши воздушни напади врз јужните црноморски региони кај Одеса и Миколајев, погодувајќи приватни згради и пристанишна инфраструктура. Руските сепаратистички медиуми споделија фотографии на кои наводно се прикажани руски платеници од приватната воена групација Вагнер пред административната зграда на електраната, а британското воено разузнавање денеска потврди оти Вагнер најверојатно направила тактички напредок во регионот Донбас.
Смит: Оружјето со долг дострел е клучно за победа на Украина
Украинскиот генералштаб не ја спомна електраната во својот најнов извештај за состојбата, но наведе дека имало борби околу селото Семихирија во близина. Украинските трупи ги одбија нападите долж линијата на фронтот во регионите Доњецк и Харков на 26 јули, соопшти Генералштабот. Портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков изјави дека руски авиони нападнале позиции на украинската војска во близина на селото Заицеве во Доњецк. Конашенков, кој исто така рече дека руските ракетни напади и нанеле големи загуби на украинската артилериска дивизија во близина на јужниот град Миколаев. Но, украинската војска соопшти дека Русија ги погодила приватните згради и пристанишната инфраструктура во Миколаев и Одеса.
Портпаролот на украинските воздухопловни сили рече дека руските бомбардери и борбени авиони со долг дострел ги започнале нападите од Црното Море. Украинската војска одделно соопшти дека соборила руско беспилотно летало кое се обидувало да нападне радарска станица во регионот на Миколајев. Во руското гранатирање во претходните 24 часа загинаа најмалку тројца цивили, а уште осум беа ранети во Украина, соопшти кабинетот на украинскиот претседател на 26 јули. Гранатирањето продолжи долж целата линија на фронтот во источниот регион Доњецк додека руските сили го гаѓаа Бахмут и други градови, соопшти претседателскиот кабинет.